ВМРО-ДПМНЕ: Парламентарното мнозинство да не се обидува да ги одолговлекува локалните избори

Од:

„ВМРО-ДПМНЕ ги повикува претставниците на парламентарното мнозинство да не се обидуваат да ги одолговлекуваат локалните избори и веднаш да обезбедат услови за пролонгирање на мандатот на локалната власт.

Овој чекор е неопходен со цел да се излезе во пресрет на интересите на граѓаните и потребите на општините, да продолжат нормално да функционираат како сервис на народот кој може да ги решава секојдневните комунални и инфраструктурни барања.

ВМРО-ДПМНЕ потсетува дека локалната самоуправа е уставно загарантирано право и категорија и никаква тесно партиска стратегија на СДС не смее ова да го загрози.

Дополнително, ВМРО-ДПМНЕ останува на ставот дека народот заслужува да биде прашан што мисли за постизборната измама преточена во Тиранската Платформа. Доколку парламентарното мнозинство се охрабри во истиот термин со локалните избори би можеле да се одржат и нови парламентарни избори, каде граѓаните не само што ќе ја изберат својата локална власт, туку ќе имаат можност да го кажат својот став и за последните политички случувања, и постизборни измами кои СДС им ги приреди.

Интересите и потребите на граѓаните се нашиот врвен приоритет, но сметаме дека е неопходно да се почитува и волјата и мислењето на народот за сериозни прашања како Тиранската Платформа кои СДС и нејзините партнери ја договорија и чија реализација гледаме дека им се брза да ја отпочнат.

Секое одлагање на СДС да се соочи со народот само дополнително ја продлабочува политичката криза во државата и го зголемува револтот на граѓаните кон нивните незаконски, неуставни и пред се антидржавни чекори кои ги превземаат во континуитет“, изјави Лилјана Затуроска.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања