ВМРО-ДПМНЕ: Паднатиот кров во градинката „Мајски цвет“ е резултат на фушерајското работење на СДСМ и ДУИ

Од:

Паднатиот кров во детската градинка Мајски цвет во Тафталиџе 2 е резултат на фушерајското работење на владата на СДСМ и ДУИ велат од ВМРО-ДПМНЕ.

– Секаде каде што СДСМ и ДУИ гледаат бизнис интерес работите пропаѓаат после некое време, заради неквалитетна изведба. Исплатија огромни суми на пари на фирма блиска до ДУИ, за резултатот после повеќе од година и пол да е паднат кров. Така е кога наместо да градат, тие крадат. Цела среќа е што настанот се случил за време на викенд и никој од дечињата и вработените не биле присутни, но прашањето е кој ќе преземеш одговорност доколку имаше повредени или жртви. Власта да одговори уште колку вакви објекти има направено фирмата миленик на ДУИ, и дали е точно дека според информациите кои се јавно достапни на Електронскиот систем за јавни набавки истата фирма од 2017та година до 2021 добила тендери од општините каде што градоначалниците беа од СДСМ и ДУИ и други државни институции во вкупна вредност од над милион ипол евра се вели во соопштението од опозициската партија.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус