ВМРО-ДПМНЕ: Пациентите болни од одредени видови рак оставени без терапија, власта не набавила лекови

Од:

Пациентите болни од одредени видови рак оставени без терапија, власта не набавила медикаменти. 90 пациенти со колоректален, оваријален и цервикален карцином скоро цел месец не ја примаат препишаната биолошка терапија обвинува ВМРО-ДПМНЕ во соопштение.

– Пациентите не добиваат конкретна информација кога ќе може повторно да ја добијат неопходната терапија, која им е неопходна.Количините набавени преку Министерството за Здравство се исцрпени, а Клиниката за Радиотерапија и Онкологија нема отворено нов тендер. Кога во прашање се тендери од кои профитира некој од власта се штанцаат огласи, а кога треба да се набави терапија за болните од рак, никој со прст не мрда. Со ваквиот развој на настаните, и неодговорноста кај власта се очекува дека до крај на месец мај ќе биде прекината и терапијата на 30 пациенти со метастатски меланом, со што директно се загрозува нивниот живот. Доколку власта наместо да работи продолжи да краде, и не ги извршува ниту основните работи во текот на наредните месеци ќе се исцрпат количините и за повеќе други неопходни биолошки лекови, вклучително и имунотерапија за над 150 пациенти со белодробен карцином, карцином на бубрег и карцином на дојка се вели во соопштението од опозициската партија.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела