ВМРО-ДПМНЕ: Отсуство на разум е одбивањето на СДС на идејата за државно и национално единство

Од:

Одбивањето на СДС на идејата за државно и национално единство, освен што преставува отсуство на разум, е типична за конфузни луѓе уплашени од сопственото минато. Луѓе кои едно зборуваат, друго прават. Кои немаат мака да ги изневерат очекувањата на блиските, и кои си поигруваат со судбината на другите, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Луѓе кои се плашат од тоа што го правеле против народот и државата. Жалиме за ваквата реакција, но таа нема да не поколеба во намерите да воспоставуваме заедништво базирано на принципи кое нашите граѓани го очекуваат од нас.

Преку глава им е на граѓаните од инфлантниот однос на политичарите кои си ги гледаат само личните интереси, и од сите очекуваат зрелост и одговорен пристап затоа сто реалноста која ја наследивме од минатата гарнитура е катастрофална, институциите се разурнати, дивеат банди, системот за вредности веќе не постои, државата беше екстремно задолжена и пред банкрот.

Потребно е обединување на сите општествени чинители, на сите кои сакаат да го вложат својот потенцијал во развојот на државата. Македонија мора да победи, и тоа ќе се случи преку обединување без разлика на верска, етничка или партиска припадност3, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?