ВМРО-ДПМНЕ: Откако СДС е на власт реализира само антиреформи

Од:

„СДС продолжува да работи на штета на граѓаните на Република Македонија.

Откако СДС е на власт, единствено што се реализира се антиреформи. Граѓаните се сведоци само на укинувања, укивања и блокади.

Последна антиреформа во низата е укинување на дисперзираните студии на дел од високо образовните установи, без притоа да биде слушнат гласот на илјадниците студенти кои ја користеле и ја користат оваа поволност.

Единствената причина поради која е направен ваквиот чекор е заради тоа што дисперзираните студии се мерка која беше воведена од страна на владата предводена од ВМРО–ДПМНЕ.

СДС укинува една благородна мерка која во изминатите 9 години ја искористија околу 20.000 студенти. Укинува мерка која придонесува и за економско социјален, но и демографски развој на сите останати региони во земјата.

Граѓаните од СДС не очекуваат антиреформи кои се мотивирани единствено од опседнатоста со ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски. Таквите антиреформи никому не му носат корист. Граѓаните очекуваат СДС да се погрижи прво да ги оствари ветувањата кои ги има дадено пред македонскиот народ.

Граѓаните очекуваат мининална плата од 16.000 денари и просечна плата од 30.000 денари, а лекарите очекуваат плати од 100.000 денари како што СДС вети изборната кампања.

Граѓаните ги очекуваат и најавените 500 километри автопат и 30.000 денари на крајот на годината од поврат на ДДВ“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Фрчкоски: ДКСК да ја прошири истрагата за Андоновски со новата фирма „Нома солушнс“

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Фрчкоски: Трансформирање на тендери од 1,5 милиони евра во министерството на Андоновски

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кузеска: Мицкоски брутално ја задолжува Македонија – 4 милијарди евра за само две години

Филипче: За две години потрошувачката кошничка е покачена за околу 10.000 денари, а платите не мрдаат

(ВИДЕО) Филипче: Тажен почеток на училишната година, 3.000 помалку деца, 433 паралелки помалку, затворени 26 училишта

(ВИДЕО) Кузеска: Под радарот течат матни зделки на Мицкоски за дата-центри, а ВМРО-ОКГ со лаги ги прикрива

Горан Наумовски