ВМРО-ДПМНЕ: Откако ќе формираме влада ќе го доближиме здравството до граѓаните

Од:

„ВМРО-ДПМНЕ откако ќе ја формира нова владата преку реални мерки ќе се залага да го доближи здравството до граѓаните.
ВМРО-ДПМНЕ се обврзува на обнова која ќе значи зајакнување на дежурните служби и итна медицинска помош. ова значи дека ќе се работи на поголема достапност во текот на 24 часа на здравствените услуги за граѓаните. Новата влада која ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ се обврзува на обнова која ќе значи ослободување од административни процедури на матичните лекари. Освен тоа се предвидува континуиран раст и на вредносната капитација кај матичните лекари. ќе се воведе и електронско работење и ослободување од десетици административни процедури кои сега им одземаат време и пари на матичните лекари“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

„ВМРО-ДПМНЕ се обврзува на обнова преку која ќе се изгради здравство ориентирано кон пациентите. Затоа новата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе донесе Национална здравствена стратегија заснована на следните постулати: Зајакнување на јавното здравство – заради тоа што лекарите и здравствените работници треба да останат во Македонија и тука во јавното здравство; Зајакнување на примарното здравство, стоматологијата и превентивата; Оптимизација на здравствениот систем, ориентиран кон бенефит за пациентот и конечно Нулта корупција во здравството, која што ќе опфати како заклучок Интегрирање и функционално реорганизирање на здравствените единици. Гласот за ВМРО-ДПМНЕ е глас за обнова, а гласот за СДСM е глас за криминалот кој мора да биде поразен. СДСM никогаш нема да се смени, ќе остане партија заробена од Заев и Шекеринска кои се последните остатоци на криминалната транзиција. За спас на Македонија, транзициските криминалци мора да бидат казнети за штетите кои ги направија“, се додава во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Дали познат доктор и поранешен градоначалник одбил функција во раководството на СДС затоа што не го смета Филипче за релевантен?

Манасиевски: Дали е точна информацијата дека никој не сака да му се нафати на Филипче да му биде во раководството на СДС?

Андоновска: СДС да се дистанцира од Филипче и Заев, на Македонија и треба силна опозиција

ВМРО-ДПМНЕ: Орце Ѓорѓиевски и мнозинството ќе го постават Скопје на нови, здрави темели, за чист и модерен главен град

ВМРО-ДПМНЕ: Нашите советници гласаа за сите одлуки предложени од Арсовска поврзани со Комунална хигиена

Арсовска: Кадрите на Мицкоски се надлежни за Комунална, тие се во Управниот одбор и во Советот на градот