ВМРО-ДПМНЕ: Оставка на Тренчевска и директорката во градинката за брутално насилство врз 10-месечно бебе

Од:

„Се случува брутално насилство во детска градинка Цветови во Гевгелија, а министерката Тренчевска се обидува целиот случај да го сокрие од јавноста. Десетмесечно бебе завршило со тешки телесни повреди и хематон на главата, а министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска и директорката на детската градинка Елизабета Стоименова се обидуваат да го прикријат целиот случај и да прикажат дека се работи за детска игра“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Цела јавност виде дека не се работи за гребнатинки на десетгодишното бебе, туку за модрици низ целото лице.

Срамно и без грам чувство на одговорност и доблест. Тренчевска и Стоименова се најодговорни за овој инцидент и наместо пракса да станува други да одговараат, веднаш да си поднесат оставка.

Ниту едно насилство не смее да се толерира, најмалку насилството врз децата.

Да бевме некоја демократска држава, до сега од морални причини ќе имаше оставка на министерката, директорката и целиот инцидент ќе беше расчистен. Но, ние имаме бледи соопштенија и неуспешни обиди од Тренчевска да се сокрие целиот случај.

Родителите се вознемирени од овој немил настан, и стравуваат дека со немање на одговорност, ваквото насилство може да се случи и на други дечиња во детските градинки.

Тренчевска да си поднесе оставка и да покаже дека заштитата на децата и е пред се. Оставка веднаш!“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела