ВМРО-ДПМНЕ: Оставка на Филипче е морален, но и единствено исправен чекор

Од:

„Македонија тоне во зараза од Ковид-19. На секој час во последните 48 часа имаме по 10 заразени. Само вчера регистрирани се нови 243 случаи.

Заев и Филипче велеа дека бројот на заразени нема да надмине 2.000, а сега тој е 18.602 и е речиси десеткратно повеќе отколку Заев и Филипче не уверуваа.

Заев и Филипче немаат стратегија. Македонија секој ден има нов пик. И нема изгледи за стивнување на бранот“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Состојбата е уште полоша затоа што власта нема соодветни протоколи ниту во градинките ниту во школите. Секојдневно гледаме заразени од градинки и одговорност нема.

Состојбата е алармантна и на полето на починати. Во текот на вчерашниот ден починаа 4 лица, со што бројката на починати се искачи на 753. Заев и Филипче немаат контрола над ситуацијата.

Со Заев и Филипче Македонија само ќе тоне.

И Заев и Филипче мора да понесат одговорност за хаосот во кој сме моментално.

Оставка е морален, но и единствено исправен чекор во моментот. Филипче охрабри се – Поднеси оставка“, соопштува ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Агенцијата за обезбедување од „Пулс” на иста адреса со функционер на ДПМНЕ, обвинува Левица

Апасиев: Секојдневни убиства и пукања, а ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ го либерализираат оружјето

Филипче од одмор пишува статуси за Кочани, обвинува ВМРО-ДПМНЕ

Продолжуваат препукувањата:Таравари е уценет од ДУИ обвини ВМРО, влада во неволја очекувано е да клевети одговри тој

Катерина Ѓуровски

Почнаа обвинувањата меѓу досегашните партнери: Тарaвари се интересирал за бизниси, Груби и Заев

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Филипче нема никави инвестиции, ниту имот во ОАЕ