ВМРО-ДПМНЕ: Останува неизвесна судбината на Еврокомпозит и МЖ Транспорт

Од:

„Владата на СДСМ покажува огромна неспособност и непосветеност во решавањето на проблемите. Таквиот нивен пристап отвора сериозни ризици по интересите на граѓаните. Последен пример се случаите со Еврокомпозит и МЖ Транспорт каде оваа неспособна влада се пофали дека наводно решила проблеми, но вистината и суштината е дека наместо решение владата едноставно ги префрли проблемите.

Имено тие препорачаа на претпријатијата МЕПСО и ЕЛЕМ да направат состаноци со раководствата на компаниите загубари и да изнајдат решение за долговите. Ова се вика префрлање на одговорност, и никако не може да се нарече решавање на проблем.

Каде е тука улогата на Владата и во што тие помогна да се реши проблемот и судбината на компаниите загубари? Решен ли е проблемот на загубарите? Зошто Владата има потреба да се фали со потези кои не се ни получекор и кои се далеку од решение? Нечесно е вака да се потценува целиот народ, а особено вработените во компаниите.

Она што СДС и нејзината влада го прави е гол популизам и ставање под тепих на проблемите. Наместо да ги засукаат ракавите и да се зафатат со работа тие препорачуваат други претпријатија да одлучуваат за судбината на загубарите, а притоа бесрамно се фалат дека наводно решиле нешто.

Ваквата неодговорност и неспособост не ги решава проблемите само ќе ги продлабочи. Со ова однесување останува неизвесна судбината на Еврокомпозит и МЖ Транспорт“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски