„1090 проекти за само 100 дена од градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ, додека општините каде се СДСМ и ДУИ немаат ниту еден отчет, зошто се без проекти. За 100 дена градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ имаат направено многу повеќе од нивните претходници од СДСМ за 4 години“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
„Во Битола се завршува реконструкцијата на стадионот, што беше почната во време на ВМРО-ДПМНЕ, и СДСМ цел мандат не можеше да го доврши.
Охрид добива нов булевар, и реконструирани улици. Во руралниот дел од Гази Баба и Драчево во Кисела Вода се прави нова фекална канализација.
Низ сите општини се уредуваат зелените површини и се чистат дивите депонии. Во општина Аеродром, сите градинки добија фотоволтаични кровни конструкции, а фотоволтаици добија и некои основни училишта.
Основно училиште се гради во Илинден, а градинки во повеќе општини.
Низ цела Македонија градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ работат да го реализираат ветеното. Проектите се видливи, промените на подобро се чувствуваат“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
