ВМРО-ДПМНЕ: Општина Струмица призна дека добила пари од Владата

Од:

Општина Струмица денеска призна дека добила пари од Владата, наведува ВМРО-ДПМНЕ во реакција на прес- конференцијата на Кирил Парталов, секретар на општина Струмица.

Според ВМРО-ДПМНЕ, општина Струмица признала дека примила пари за инфраструктурна изградба на зоната каде ќе се реализира холандската инвестиција.

– Ако општина Струмица не добиеше пари во висина од над 52 милиони денари, што е поддршка од Владата тогаш местото каде се одлучија да инвестираат холандските инвеститори ќе продолжеше да зјае празно. Сега останува уште Зоран Заев да се извини поради лагите кои ги изнесе, тоа би било чесно и доблесно однесување кое се очекува од еден лидер на опозиција. Се друго е потценување на граѓаните, се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски

Струмичанец е приведен поради серија измами, полицијата кај него пронајде голема сума пари

Горан Наумовски

Во нова акција на полицијата запленети се околу 20 тони марихуана