ВМРО-ДПМНЕ: Општина Центар не е ништо друго освен една голема депонија

Од:

„Центар е преплавен со отпад, преполни корпи за отпадоци и контејнери од кои се шири неподнослива миризба.

Најдоговорен за оваа ужасна ситуација во најбогата општина во државава е градоначалникот Саша Богдановиќ. Тој на жителите на Центар им ветуваше чиста, модерна општина која ќе се грижи за здравјето на сите кои живеат во неа.

Сликите ја покажуваат кастрофалната ситуација со хигиенета со која се соочува Центар и центарци“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ Центар.

„На овој хаос мора да му дојде крај. Наместо лажните заложби за чистење на Центар време е да се зафати со работа. Да излезе од неговата удобна канцеларија и да ја среди општината.

Доста е со лажните ветувања и привидни акции. Општина Центар не е ништо друго освен една голема депонија.

Ако не може Богдановиќ неговата општина да ја направи чиста и да го исполни ветувањата што ги даваше во предизборните ветувања време е работата да ја препушти на некој друг.

Центар и центарци не заслужуваат да живеат во ваква хаотична општина но исто така не заслужуваат ни градоначалник како Саша Богдановиќ“, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ Центар.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски