ВМРО-ДПМНЕ: Опозицијата тврди дека е прислушувана, а не е објавен ниеден нивни разговор

Од:

ВМРО-ДПМНЕ во денешното пишано соопштение го повикува Стево Пендаровски следниот пат кога ќе оди во Јавното обвинителство да каже како ги прибавил Зоран Заев прислушуваните разговори, со која странска служба соработувал и да објасни што странските тајни служби очекуваат за возврат?

– Ова се прашањата кои јавноста ги очекува од СДСМ за сценариото кое го готват Заев, Верушевски, нивните соработници и странската служба, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Според ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ се разобличени и само со вакви паради го прикриваат скандалот во кој се заплеткаа Заев и нивното раководство.

– Јавноста веќе оправдано се прашува како може цела опозиција да тврди дека е прислушувана, а да не излезе во јавност ниеден нивни разговор, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Посочуваат дека СДСМ на изборите изгубија со над 200 илјади разлика и дека граѓаните јасно се определија за концептот базиран на работа и проекти, наместо за деструктивната политика на СДСМ за креирање кризи и држење во заложништво на граѓаните и државата.
– Ова е проѕирен обид за алиби за нивниот неуспех. Пендаровски очигледно ја научил добро школата на Бранко Црвенковски полна со интриги во која еден од професорите сигурно беше и Зоран Верушевски, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Двојни аршини на СДС и Филипче, велат дека треба да се казнат оние кои сакаат да возат без возачки, а од друга страна гласаат против имплементација на „Безбеден град”

ВМРО-ДПМНЕ вечерва избира нов Извршен комитет и нов генерален секретар на партијата

Катерина Ѓуровски