ВМРО-ДПМНЕ Охрид: Вистина ли е дека постои „медијатор“ помеѓу барателите на имот и Владата?

Од:

„Неодговорното однесување на локалната администрација никако да запре сакајќи преку Советот на општина Охрид да протурка штетни и непримерни одлуки. Градиште е огледало на тоа како функционира целиот систем на Република Македонија. Лицемерието односно контрадикторните ставови во однос на заштитата на градот од УНЕСКО се очигледни“, вели Перчо Божиновски, шеф на центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.

„Легализацијата на 7 бесправно изградени објекти во кампот Градиште во најзаштитениот појас, во непосредна близина на езерото, експресно државата и нејзините институции ги издале сите потребни согласности за овие легализации. Замислете тие и незаконски веќе се вметнати во катастар на Република Македонија како „зпз земјиште под зграда”.

Го повикуваме в.д градоначалникот Константин Георгиески да ја повлече точката од дневен ред за легализација на дивоградбите на утрешната седница на Советот и веднаш да се донесе одлука за мораториум во согласност со препораките од УНЕСКО.

Вистина ли е дека постои „медијатор“ помеѓу барателите на имот и владата?

Како е подготвена Владата да им плати на сопствениците на имоти во државни обврзници по 6000 денари по м2, а притоа барателите да ги повлечат и да се откажат од сите досегашни тужби и жалби во врска со денационализацијата на Градиште?

Кој ќе биде сопственик на овие бесправно изградени објекти?

Зошто молчи ЈУНП Галичица, со оглед дека овој локалитет е во Зоната за одржливо користење, или Хидробиолошкиот институт во Охрид?

Повикуваме на разумност, исто како што ги повикуваме и сите еколошки друштва и граѓански здруженија да продолжат да се грижат и да се борат за зачувување на езерото. Препораките на Унеско не посочуваа ваков несериозен начин на работи во Градиште и незаконски да се заграби најатрактивниот простор на Охридското крајбрежје“, додава Божиновски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: ЗНАМ се дели, ВМРО прави ново движење за создавање контролирана и раситнета опозиција

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Сѐ што има Мицкоски е стекнато чесно и законски

Горан Наумовски

„За ВМРО-ДПМНЕ нема подобро решение од Венко Филипче – проблемот е што тој е штетен за Македонија“, реагираат од владејачката партија

А1он

(ВИДЕО) Стојаноски: СДС и ДУИ наместо да се надминат себе си, одлучија да тераат инает

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ го смени Членот 353 со кој си се амнестираше од криминалот, сега бара негови измени

ВМРО-ДПМНЕ: Грегоријанецот Венко треба добро да ги проучи календарите