ВМРО-ДПМНЕ: Огласот за градска куќа е последниот грабеж на Шилегов, знае дека губи, и прави се за да доограби што може

Од:

„Огласот за градска куќа е последниот грабеж на Шилегов, знае дека губи, и прави се за да доограби што може. Огласот за купување на градска куќа од 11 милиони евра во ек на избори, е потенцијална опасност од поткуп и корупција“, соопштува ВМРО-ДПМНЕ.

„Шилегов пред само неколку месеци ја продаде градската куќа која беше изградена за потребите на Град Скопје, како ново седиште по цена под пазарната.

Никој до ден денес не знае каде се потрошени 12.5 милиони евра кои Шилегов ги наплати од продажбата.

Зошто тие пари не биле ставени на посебна сметка со намена за купување на нова градска куќа, туку наместо тоа, сега градот ќе ја отплаќа зградата која Шилегов планира да ја купи на рати.

Каде завршија 12.5 милиони евра готови пари? И зошто не беа искористени со намена за купување на нова зграда?“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски

СДСМ држи пресови за тоа кој, каде е вработен во приватни фирми, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

ФЕНИ е во целосен застој, работниците се оставени на цедило-пропаднаа ветувањата на ВМРО-ДПМНЕ, тврдат од СДСМ