ВМРО-ДПМНЕ одржа седница на ИК: СДСМ спроведе масовен поткуп, Мицковски да продолжи со разговори за ново мнозинство

Од:

ВМРО-ДПМНЕ ја одржа својата редовна седница на Извршниот Комитет, прва по одржувањето на предвремените парламентарни избори.

„На седницата се дискутираше за актуелната општествено-политичка состојба и последните избори кои се реализираа,“ велат од партијата.

Еве го целосното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ издадено по седницата:

„Извршниот Комитет заклучи дека изборите се одржаа во недемократска атмосфера со масовен поткуп на гласови спроведен од актуелната власт на СДСМ. Воедно ВМРО-ДПМНЕ забележува и на бројните недостатоци на денот на изборите срочени во приговорите до Државната Изборна Комисија кои беа одбиени, а кои ќе се преточат во тужбено барање до Управниот Суд.

Во едни вакви околности ВМРО-ДПМНЕ ја доби довербата од народот во најголем број на општини, и воедно издејствува поголем број на мандати споредено со партијата СДСМ без коалицијата со БЕСА.

Воедно Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ даде насока да се изготви темелна анализа за резултатите од изборите за која подоцна ќе се дискутира на органите и телата на партијата.

Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ го овласти претседателот Христијан Мицкоски да продолжи со разговори во обидот за составување на ново парламентарно мнозинство.

ВМРО-ДПМНЕ смета дека загрижува економската криза во државата која секој ден е се полоша и за која треба активни мерки кои истата да се надмине,“ се вели во соопштението.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

ВМРО-ДПМНЕ: Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал