ВМРО-ДПМНЕ: Одложувањето на одлуката за предвремени парламентарни избори, доказ дека СДСМ се плаши од соочување

Од:

„Одложувањето и пролонгирањето на роковите за донесување на одлука за предвремени парламентарни избори од петок во недела од страна на СДСМ е уште еден доказ дека партијата се плаши од соочување со граѓаните.

Власта знае дека граѓаните не ги подржуваат нивните антидржавни политики кои ја клекнаа земјата на колена и придонесоа за разорување на економијата и затоа се крие и одолговлекува.

Економијата, образованието, здравството, земјоделието, системот на социјална заштита и безбедноста се на колена. Со СДСМ на власт не е можен напредок на ниту едно поле и токму затоа СДСМ мора да си замине.

Не постои ниту една причина за неодржување на предвремени парламентарни избори. ВМРО-ДПМНЕ се обврзува дека и покрај постоењето на техничка влада ќе ги поддржи сите реформски закони и нема да дозволи застој на реформите потребни за напредок на државата кон ЕУ.

Државата нема и несмее да трпи. Доколку СДСМ остане на власт државата ќе продолжи да тоне, даноците ќе се покачуваат како сега, пензиите ќе се намалуваат, а граѓаните во целост ќе бидат се посиромашни.

СДСМ нема капацитет да ја води државата. Две години Република Македонија само тапка во место. Затоа е неопходно распишување на предвремени парламентарни избори заедно со претседателските. СДСМ мора да си замине. Државата мора да тргне напред“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија