А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

ВМРО ДПМНЕ одбра да протестира каде што лежат над 300 ковид пациенти реагираат од Министерството за здравство

by А1он27/03/2021 - 14:09416
Share0

Министерството за здравство жали што опозициската партија ВМРО ДПМНЕ, има за цел да ја спречи битката на здравствените работници и да ја спречи набавката на вакцини против Ковид 19. Ако на опозициската партија и беа важни граѓаните, пациентите, нивните семејства, лекарите, сестрите, другиот медицински персонал, ВМРО ДПМНЕ немаше да протестира на место каде има најголем број хоспитализирани пациенти во државата – се вели во писмената реакција на Министерството за здравство.

Добивај вести на вибер

-На само стоина метри од протестот на ВМРО ДПМНЕ лежат над 300 ковид пациенти. На само стотина метри од протестот на ВМРО ДПМНЕ, работат здравствените работници, макотрпно, без да се штедат, се борат со вирусот и им ја даваат потребната нега на болните. ВМРО ДПМНЕ денеска одбра да шири несигурност во Клиничкиот блок, наместо да ги остави лекарите и медицинскиот персонал да бидат концентрирани и посветени на пациентите. Живееме во една од најсериозните здравствени кризи со кои се соочил светот, криза во која солидарноста меѓу земјите е издигната на највисоко ниво. Во моментов во цел свет се води битка за набавка на вакцини, во цел свет има притисок врз болниците, во многу земји низ Европа, пациенти се префрлаат од една во друга земја, за да бидат болнички згрижени, нашите здравствени работници со натчовечки напори го дават максимумот да одговорат на потребите на пациентите – стои во соопштението од Министерството за здравство.

ministerstvo za zdravstvovmro-dpmne

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

Предраг Петровиќ09/03/2026 - 17:29

Алиу: Се воведува дигитално водење на медицинската документација

Горан Наумовски06/03/2026 - 12:30

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

Горан Наумовски27/02/2026 - 19:39

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

Горан Наумовски26/02/2026 - 09:12

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

Горан Наумовски26/02/2026 - 09:11

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

Горан Наумовски25/02/2026 - 20:08
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен