ВМРО-ДПМНЕ: Од помпезниот почеток на изградбата на коридорите остана само една табла и сметката за скапиот настан

Од:

„ДУИ и СДС се експерти за потемкини села. Помпезно фрлаат лопати, а после зад себе оставаат само празни ливади. Така беше со спектакуларната фабрика за електрични автомобили, така е и со изградбата на коридорите кои побрзаа да ја почнат“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„На местото кај што Ковачевски и Груби правеа спектакли три дена после настанот нема ниту работници, ниту багери, ниту градежна механизација. Само една табла и сметка за скапата церемонија. Очигледно преуранетиот настан им требаше да го перат Артан Груби од низата скандали во кои беше фатен, вклучително и тој со изборот на надзорот на изградбата на коридорите, но во исто време овој настан го искористија и да ја дополнат со пари касата на компанијата која е миленчка на ДУИ.

Па така со ДУИ и СДС нема пари за учебници, нема пари за лекови, нема пари за поголем стандард, ама затоа има пари за луксузни настани после кои останува едно големо ништо.

ДУИ и СДС се олицетворение за наспосбност и криминал. Оваа власт мора поскоро да си замине“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче