А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Од бриселските ладни тушеви настинува народот, а Заев мува не го лази

by А1он19/06/2019 - 12:08187
Share0

„Наместо датум за почеток на преговори, советот на министри на ЕУ испорача ладен туш за корумпираната влада на Зоран Заев. Не е доволно само да се распродадат националните интереси и да се промени името кога земјата ја водат криминалци кои се неспособни да спроведат реформи. На ЕУ не и требаат преговори со аболицирани политичари кои се живи фатени како бараат мито од едно евро по метар квадратен.

Следете a1on на Instagram Instagram

Повеќе земји членки, докажани пријатели на Македонија, биле против доделување на датум. Може да се разбере нивниот револт кон катастрофата наречена Заев, но не може да се оправда казнувањето на државата и народот заради неспособноста и корумпираноста на Заев и картелот околу него.

Од бриселските ладни тушеви настинува народот, а Заев мува не го лази. Заеви си имаат и ниви со марихуана и бизниси со РЕК, си го имаат и „Герас Цунев“ и „Цареви кули“, си имаат имот и си градат на земјиштето од струмичката касарна, а си копа каде стигне и кога ќе стигне.

Заев знае многу одамна дека Македонија со него не добива датум, но повеќе му е од корист да лаже и манипулира.
Заев лаже затоа што за него пари се во прашање.

Следете a1on на Youtube YouTube

Македонија само стагнира и ниже неуспеси.

Со Заев на власт Македонија пропаѓа. Криминалот, корупцијата И непотизмот станаа главна одлика за власта. Потребна е обнова. Заев И СДСМ мора да си заминат“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

dpmnesdsm

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска: 5 нови рудници, антимон, дата центри – во тек е голема пљачка на Македонија!

А1он28/09/2026 - 10:3828/09/2026 - 10:45

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски27/09/2026 - 14:1027/09/2026 - 14:13

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Катерина Ѓуровски27/09/2026 - 12:04

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Катерина Ѓуровски27/09/2026 - 10:56

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски24/09/2026 - 11:1824/09/2026 - 11:41

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

Катерина Ѓуровски22/09/2026 - 12:18
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео