ВМРО-ДПМНЕ: Очигледна е намерата да се сокриваат докази и одолговлекува истрагата за „Рекет“

Од:

„Рекетот на власта е формално пријавен пред четири месеци, а изнудата на милиони евра, заканите и злоупотребата на институциите се јавна тајна многу подолго.

Од април Русковска располага со сите докази за инволвираноста на власта во рекетот, а досега се приведени само двајца извршители и никој друг.

Бојан Јовановски е повеќе од 30 дена во притвор и сеуште нема дадено исказ пред обвинител. Се чекаше са помине месец ипол по објавување на снимките од рекетирањето за Катица Јанева да биде повикана за да даде исказ. Очигледна е намерата да се сокриваат докази и одолговлекува истрагата“, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Се сеќаваме на изјавите на Заев дека тој прв го имаше пријавено случајот „Рекет“ на Русковска, но дали има записник и зошто доколку не е тоа новинарите ги упатуваше сами да пријават, не се знае.

Заев се наоѓа на врвот од октоподот. Очите не заболеа од блескање во криминално-рекетарскиот октопод кој што го штити Зоран Заев.

Јанева е обвинителката која заедно со Боки 13 и Зоки Кичеец изнудувала пари од бизнисменот Орце Камчев, за потоа да каже дека и бил изгубен мобилниот телефон, кој подоцна форматиран беше пронајден кај девојката на нејзиниот син, која денеска во улога на сведок ќе ја замајува македонската јавност дека немала никаква врска со овој случај.

Знаеме дека рекетирани биле десетици бизнисмени од страна на криминалната мрежа, и биле земени десетици милиони евра, власта не запрела само кај Орце Камчев и за сето тоа бил информиран Зоран Заев.

Манипулацијата и вмешаноста на власта во работењето на судовите и постапките кои ги водат одредени обвинители е повеќе од јасна. Не се доволни правдавањата на Заев. Никој повеќе не верува во оваа власт.

Тој има одговорност да си поднесе оставка, но нема храброст да се соочи со револтот на граѓаните кои ќе го казнат на следните парламентарни избори, затоа што никој не сака да живее во држава во која власта е на врвот од криминалната мрежа, во која организирано се рекетира и во која правдата е концепт кој ги штити криминалците.

Предвремените парламентарни избори се нужност која што треба да се случи, порано или подоцна на Заев и на власта ќе им биде испорачана казната од граѓаните, обновата на Македонија ќе се случи кога Зоран Заев ќе си замине од власта“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања