ВМРО-ДПМНЕ очекува Заев да се изјасни за демантот од Израел

Од:

ВМРО-ДПМНЕ очекува од лидерот на СДСМ Зоран Заев да се произнесе по демантот на неговата изјава од Израел и да каже дали ја злоупотребил средбата со министерот за внатрешни работи, дали лажел дека има добиено важни финасиски и безбедносни документи и дали за тоа ја излажал македонската јавност.

– Безобразното лажење и добивањето ваков остар демант е проблем не само на господинот Зоран Л. Заев, туку и на кредибилитетот на Македонија во своите дипломатски односи со Израел. Лажењето на Зоран Л. Заев може да заврши со еден демант кога станува збор за македонско-израелските односи, а неговото лажење во политиката ќе заврши со уште еден голем демант на 24-ти април кога очекуваме ваквите политичари и партии кои што ги предводат, да доживеат тежок пораз на претсетојните избори, рече на денешната прес-конференција Антонио Милошоски, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој додаде дека Државата Израел и нејзините највисоки функционери излегоа со кристално јасен став околу куртоазната средба со Заев дека со него не е разговарано за какви било безбедносни или финансиски прашања.

Според Милошоски, ваквата реакција од Израел е очекувана бидејќи израелскиот вицепремиер Шалом е сериозен политичар, а македонскиот лидер на опозицијата Заев не е сериозен политичар.

– Израелскиот вицепремиер Шалом ја брани сопствената држава и нејзините интереси и ја штити од било какви скандали и афери. Македонскиот лидер на опозицијата Заев не ја брани сопствената држава и истата ја турка во уште поголеми афери и скандали овој пат од дипломатски размери, рече Милошоски.

Додаде дека она што е за секаква осуда е фактот дека СДСМ молчи веќе трет ден за овој дипломатски гаф кој што се случи помеѓу Македонија и пријателски Израел. Трет ден, посочи, нема никаква реакција, ниту официјален став во врска со официјалниот демант кој што стигна од државата Израел.

Милошоски смета дека тоа може да се сфати само како потврда за се она што беше официјално кажано од израелска страна, а кое што досега цела домашна и меѓународна јавност го толкуваат како еден преседан и голем дипломатски скандал.

Тој додаде дека СДСМ сепак на македонската јавност и должи одговор за овој дипломатски скандал.

– Дали лидерот на СДСМ нема капацитет или не разбрал за што се говорело на средбата или свесно ја лажел и македонската јавност и ги злоупотребил  гостопримството и средбите во Израел. Тоа треба да биде објаснето во најмала рака од г. Заев, рече Милошоски и додаде дека се додека СДСМ не се изјасни за овој скандал Заев за нив ќе остане познат како Зоран Лагата Заев.

– Зоран Л. Заев безочно излажа дека во Израел добил нови документи, докази и не знам што уште не. На неговите портали спонзорирани од СОРОС беше објавено дека откако Зоран Л. Заев ќе го „доставел тоа што ќе било потврдено од добиеното“ ќе се знае што добил и што е потврдено. Досега немаме ниту нешто доставено, ниту потврдено, ниту пак демантирано за она што беше соопштено од израелска страна.  Тоа е начинот на работење на Зоран Л. Заев, истакна Милошоски.

Го праша лидерот на СДСМ каков човек треба да биде за да си дозволи ваков дипломатски скандал и каков човек треба да биде и каков политичар за таа средба да ја злоупотреби и да ја лаже македонската јавност дека е некој важен фактор и дека добил некој многу важни финансиски и безбедносни документи кои што впрочем не ги добил.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“