ВМРО-ДПМНЕ очајно се обидува да врши притисок врз судството – реагира СДСМ

Од:

ВМРО-ДПМНЕ очајно се обидува да врши притисок врз судството, владеењето на правото
е врвен национален и државен интерес, се вели во реакцијата на СДСМ на прес- конференцијата на Невенка Стаменковска од ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, во страв од соочување со одговорноста за сето она што им го направи на граѓаните и
државата, ВМРО-ДПМНЕ преку празни и рециклирани прес-конференции секојдневно очајно се
обидува да изврши притисок врз судството и да го попречува владеењето на правото.
„Заврши времето кога ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски преку „Сваровски“ судството и судиите од
тефтерoт на Гордана Јанкулоска монтираа случаи, вршеа прогон, се пресметуваа со
неистомислениците. Заврши времето кога судските пресуди се нарачуваа и пишуваа во штабот
на ВМРО-ДПМНЕ“, се истакнува во соопштението.

Според СДСМ, реформите во судството зацртани во реформскиот План 3-6- 9 кои ќе се спроведуваат согласно најдобрите европски пракси, обезбедуваат професионално и независно судство, ослободено од
какви било партиски притисоци и контроли. Владеењето на правото е врвен државен и
национален интерес и затоа секој оној кој направил какво било кривично дело ќе мора да
одговара за своите постапки без разлика на неговата етничка, религиска, партиска или каква
било припадност.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски