ВМРО-ДПМНЕ: Обвинителството молчи за шверцот на пет камиони со тутун на фирма на пријател на Љупчо Николовски

Од:

Јавното обвинителство молчи за шверцот на 5 камиони тутун преку Деве Баир, на фирмата „Студенац Шпед“ на Димче Тројановски, кој пак е близок пријател на Љупчо Николовски и градоначалникот на општина Крива Паланка, обвинија денеска од ВМРО-ДПМНЕ.

„Фирмата блиска до Николовски направила нелегален увоз на тутун уште пред една година. Иако немала дозвола за трговија и пуштање во промет на тутун и тутунски производи го внела тутунот преку граничен премин Деве Баир. Скандал од невидени размери е што Царинската управа призна, внимавајте призна
дека е направен нелегален увоз, а пријателот на Николовски наместо да оди под истрага тој продолжува да го работи својот бизниси,“ изјави партискиот портпарол Димче Арсовски.

„Замислете, луѓе лежат во затвор за шверц на десетина штеки цигари, а пријателот на Николовски кој направил шверц на 5 камиони се шета на слобода.
Затоа одговорност мора да има. Не само кај цариниците кои биле на смена, за шверц на 5 камиони не може да се изведе без амин од највисоките структури во Царинската управа и врвот на државата,“ рече Арсовски.

„Не може да се случил шверц на 5 камиони, а Љупчо Николовски да не знае. Дали Љупчо Николовски ја искористил позицијата и поднел кривична пријава или го штити Тројановски, и дали можеби и тој е дел од целата зделка и има некаква корист? ЈО мора веднаш да отвори истрага. Ова е скандал рамен на шверцот на нафта и цигари во 90 –тите кон Србија. Затоа одговорност мора да има веднаш и мора да има за сите!“, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Двојни аршини на СДС и Филипче, велат дека треба да се казнат оние кои сакаат да возат без возачки, а од друга страна гласаат против имплементација на „Безбеден град”

ВМРО-ДПМНЕ вечерва избира нов Извршен комитет и нов генерален секретар на партијата

Катерина Ѓуровски