ВМРО – ДПМНЕ: Обвинителството да отвори предмет за сомнежите за криминал во МЕПСО

Од:

Јавното обвинителство да се одважи и да отвори предмет за да ги истражи наводите и сомнежите за сторен криминал во склучениот договор за јавна набавка од страна на МЕПСО, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

– Веќе два дена јавно, на прес конференции, изнесуваме факти кои покренуваат сомнежи дека раководството од СДС и ДУИ во МЕПСО, склучувало и менувало договори за нивните потреби со единствена цел испумпување пари од претпријатието.

Како што посочивме до сега, претпријатието Далековод АД од Загреб само можело да се јави на тендер и да го добие и дека истото немало потреба од албанската фирма Шанси Инвест, која најверојатно послужила како параван за испумпување на парите.

Тендерот на МЕПСО прво го доби хрватската фирма производител Далековод АД Загреб, при што македонското акционерско друштво претходно до добавувачите доставило модел договор и барало да биде прифатен, за на крај да дозволи измена и дополнување на договорот.

МЕПСО под раководство на лица од СДС и ДУИ направило промена на договор за набавка од 10 милиони евра, со цел фактурите да му ги доставува некоја тампон фирмата Шанси Инвест, а не директно производителот.

И сето ова може да се види во чл.9 од договорот каде што е дополнето дека доставувач на фактурите ќе биде Шанси Инвест од Албанија, а не Далековод АД Загреб, кој всушност е и производител на опремата. Дополнително, во договорот е наведено дека Шанси Инвест ќе биде доставувач на авансната и сите други фактури до МЕПСО.

Го повикуваме обвинителството да истражи зошто кога производителот Далековод АД Загреб, можел сам да се јави на тендерот тоа не го сторил и дали за тоа бил уценет и ако бил од кого, се вели во соопштението од партијата.

Би можело да ве интересира

Андоновска: СДС да се дистанцира од Филипче и Заев, на Македонија и треба силна опозиција

ВМРО-ДПМНЕ: Орце Ѓорѓиевски и мнозинството ќе го постават Скопје на нови, здрави темели, за чист и модерен главен град

ВМРО-ДПМНЕ: Нашите советници гласаа за сите одлуки предложени од Арсовска поврзани со Комунална хигиена

Арсовска: Кадрите на Мицкоски се надлежни за Комунална, тие се во Управниот одбор и во Советот на градот

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ би имале 52 пратеници а СДСМ 21, изгубија 140.000 гласови и попусто лажат со весели математики

ВМР0-ДПМНЕ: Ако утре има парламентарните избори, ќе освоиме над 60 пратеници, а СДСМ би била во некои изборни единици трета партија