ВМРО-ДПМНЕ: Обвинителството да не чека, веднаш да постапи по Извештајот на ДЗР

Од:

СДС и ДУИ на власт, институциите и државните ресурси ги гледаа само како место од каде ќе испумпаат државни пари во нивни приватни џебови. Недомаќинското работење со институциите на системот од страна на СДС и ДУИ секојдневно излегува на површина, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Тоа го потврдуваат и релевантните институции, како Државниот завод за ревизија. Таков е и примерот со Извештајот за работата на Клиниката за детски болести за 2022 година. Во него може да се види дека вредноста на материјалните средства, од материјалната евиденција на Клиниката е за 13.9 милиони денари помала од вредноста искажана во сметководствената евиденција, а на крајот на годината била помал за 12 милиони денари.

Се поставува прашањето, зошто се јавува толкава разлика во материјалната евиденција во споредба со сметководствената? Ова отвора сомнежи и индиции за сторен криминал во вредност од над 200 илјади евра. Дали над 200 илјади евра, место за инвестиции во клиниката и третман на нај чувствителната категорија граѓани, децата, завршиле во приватни џебови?

Ова е состојба само во една здравствена установа и тоа само за една календарска година, а кој знае што правеле СДС и ДУИ во останатите установи во текот на нивното седум годишно владеење. За ваквото недомаќинско и криминално управување со државните институции мора да има одговорност. Го повикуваме Јавното обвинителство да не чека, веднаш да постапи по наводите во Извештајот на ДЗР и да испита каде завршиле над 200 илјади евра од Детска клиника“, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

Четворица нови обвинители во Обвинителството за организиран криминал и корупција

Савески: Секој предмет ќе добие институционален епилог

ОЈО: Поднесено е обвинение за примање награда против Фехми Стафа

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

Обвинителството започна истрага против скопјанец кој со пиштол се обиде да си ја убие сопругата