А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Образованието било и ќе биде еден од врвните приоритети

by А1он01/09/2016 - 18:00183
Share0

ВМРО-ДПМНЕ посветува сериозно внимание за унапредување на сите општествени сфери, особено на образованието, кое било и ќе биде еден од врвните приоритети, наведува ВМРО-ДПМНЕ во реакцијата на денешната изјава на Петар Атанасов од СДСМ.

Добивај вести на вибер

Во писмената реакција ВМРО-ДПМНЕ посочува дека Буџетот наменет за образование во изминатите години е зголемен за повеќе од 72 проценти, изградени се 74 нови училишни објекти, повеќе од 400 се реконструирани и санирани, а изградени се и 55 училишни спортски сали. Како што истакнува ВМРО-ДПМНЕ веќе осум години се обезбедуваат бесплатни учебници за сите ученици во основните и средните училишта, бесплатен превоз има за учениците кои живеат на повеќе од 2,5 километри од училиштето, зголемени се платите на наставниците, трансформиран им е работниот однос на неопределено време на повеќе од 9.000 наставници, а во високото образование намалена е партиципацијата за студирање, зголемен е буџетот за стипендии, опремени се 80 современи лаборатии….

– Оваа наша политика за развој на националното образование и за поддршка на знаењето на граѓаните ќе продолжи и во периодот што следи. Македонија нема друг ресурс од кој повеќе зависи севкупниот општествено економски развој. Програмата која ќе ја понудиме на претстојните избори ќе биде најобемната досега и уверени сме дека по 10-ти пат ќе ја добие мнозинската поддршка од граѓаните, се вели во реакцијата.

dpmne

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски15/02/2026 - 12:24

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски11/02/2026 - 14:1211/02/2026 - 14:51

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник

Катерина Ѓуровски11/02/2026 - 13:19

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски11/02/2026 - 12:5211/02/2026 - 12:53

Петрушевски: Двојни аршини на СДС и Филипче, велат дека треба да се казнат оние кои сакаат да возат без возачки, а од друга страна гласаат против имплементација на „Безбеден град”

Катерина Ѓуровски06/02/2026 - 12:54

ВМРО-ДПМНЕ вечерва избира нов Извршен комитет и нов генерален секретар на партијата

Катерина Ѓуровски06/02/2026 - 10:5106/02/2026 - 12:17
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен