ВМРО-ДПМНЕ: Објавените разговори потврдуваат дека немало криминал во „Скопје 2014“

Од:

ВМРО-ДПМНЕ во писмената реакција на прес-конференцијата на СДСМ оценува дека денеска објавените разговори за проектот „Скопје 2014“ потврдуваат дека немало никаков криминал, туку оти има залагање за реализација на проекти што се од интерес на граѓаните.

– Би сакале да ти заблагодариме и што потсетуваш и ни ги промовираш проектите, новите над 300 автобуси со кои дневно се возат над 110.000 граѓани, новиот Аква парк, планот за изградба на модерен Луна парк, новите објекти кои се изградени за институциите да имаат седишта како секаде во светот и да не плаќаат скапи кирии како потстанари, што ти и со твоите монтирани материјали покажуваш дека сме луѓе кои се залагаат да се направат работи за да го подобрат животот на граѓаните и сме фокусирани да ги исполниме ветувањата кои сме ги дале пред народот, се вели во реакцијата во која ВМРО-ДПМНЕ му се обраќа на лидерот на СДСМ.

Партијата потсетува дека покрај денеска споменатите проекти се изградени и 70-тина училишта и околу 350 се реновирани, набавена е модерната медицинска опрема, а инвестирано е и во инфраструктурата и отворени се над 130 илјади работни места. Оттаму велат дека се загрижени од појавата да се даваат лажни воведи пред да се пуштат креираните материјали со кои се демантираат ваквите воведи.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела