ВМРО-ДПМНЕ: Новите ветришта на пријателство кое владата ги најавуваше го оддуваа Ковачевски од фотографијата сo Петков

Од:

„ВМРО-ДПМНЕ е крајно изненадена од молкот на Владата на Република Македонија во врска со потегот на претседателот на Владата на соседна Бугарија, г. Кирил Петков кој фотографијата од трилатералната средба со секретарот за надворешни работи на САД, на која учествуваше и премиерот Димитар Ковачевски, ја прикажа како билатерална, грубо тргнувајќи го ликот на македонскиот премиер од фотографијата“, соопштува ВМРО-ДПМНЕ.

„Со оглед на карактерот на оваа важна средба за двете држави, како и со оглед на најавите на СДСМ за новите ветришта во односите со соседна Бугарија, ваквиот потег на премиерот Петков во однос на македонскиот премиер, не претставува само акт на понижување на лицето Димитар Ковачевски, што не е наш проблем, туку директно девалвирање на нашата држава за што сме принудени да реагираме.

Развивањето на билатералните односи со сите соседи, како и унапредувањето на стратешкото партнерство со САД, другите сојузници и НАТО во целина за ВМРО-ДПМНЕ претставува врвен приоритет. Оттаму, ваквите потези, како и молкот на Ковачевски во оваа смисла, сметаме дека не придонесуваат на ниту еден начин за рамноправен и искрен напредок во соработката на двете соседни држави.

Новите ветришта на пријателство кое владата ги најавуваше го оддуваа Ковачевски од фотографијата сo Петков“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче