Со затварањето на Избирачкиот список се затвори и едно од најсрамните поглавја во историјата на независна Македонија, во кое СДСМ цели две години ја лажеше и манипулираше македонската јавност дека имало половина милион фантоми. Измислените половина милион фантоми беа главниот аргумент на СДСМ да ја оспорува волјата на народот од изборите во 2014 година и да ја втурне Република Македонија во најголемата политичка криза.
Новиот избирачки список има 5000 повеќе гласачи од Избирачкиот список во 2014 година. Составот на ДИК во кој мнозинство има токму СДСМ потврди дека на Избирачкиот список сега брои 1 784 524 избирачи за разлика од списокот во 2014 година кој броеше 1 779 500 избирачи. Единствената забелешка која СДСМ ја достави до ДИК беше листа со 38 имиња на граѓани кои починале, а кои веќе биле избришани од избирачкиот список.
Веќе нема ниту најмала дилема дека срамни и безочни беа лагите дека немало повеќе од 1 500 000 избирачи. Веќе нема ниту најмала дилема дека СДСМ го подметна сценариото со избирачкиот список само за да иницира криза која потоа би отворила простор за реализирање на големиот план на Зоран Заев, план кој подразбира воведување на двојазичност, кантонизација и промена на Уставот. План кој Зоран Заев го најави пред албанската дијаспора во Швајцарија.
Остануваат уште 12 дена до историскиот момент кога граѓаните со пенкало во рака ќе му порачаат на аболицираниот Зоран Заев дека неговите сценарија за редефинирање на државата не минуваат. На 11 декември народот масовно и рефендумски ќе му порача на Заев дека никој никогаш не смее да помисли заради ситни политички или лични интереси да тргува со највисоките национални интереси.
