ВМРО-ДПМНЕ: Нови предвремени парламентарни избори се решение за излез од политичката криза

Од:

„Нови предвремени парламентарни избори се решение за излез од политичката криза во која СДСМ по изборите повторно ја втурна државата.

Аболицираниот криминалец Зоран Заев во обид да се спаси себе си и својата криминална дружина кои се потонати до гуша во криминал е спремен во целост да ја реализира Тиранската Платформа и со тоа да ја редефинира Република Македонија.

Зоран Заев е фатен на дело и обвинет во повеќе криминални афери. Дополнително секој ден гледаме како полицијата апси трговци со дрога, лица кои се дел од неговото потесно опкружување и со кои тој работел во кампања. Затоа Зоран Заев е избезумен и е спремен на се само да дојде до власт во надеж дека така ќе се спаси од криминален прогон.

За да се спаси себе и екипата околу себе, Заев ја прифати Тиранската Платформа, која во целост е неуставна. Со неа се пропишува целосна двојазичност и промена на името по грчки терк.

Тиранската Платформа го загрозува и поништува мултиетничкиот и унитарен карактер на државата.

Со реализација на таквата Платформа, Заев го прави првиот чекор кон федерализација на Република Македонија и нејзина идна дисолуција, што ќе значи дефинитивен распад на државата.

Затоа за ВМРО-ДПМНЕ е неприфатлива ваквата Тиранска Платформа и ја отфрли уште во текот на преговори.

За ВМРО-ДПМНЕ ова е дрзок и подмолен обид да се изврши притисок врз Република Македонија за промена на името спакуван во уцена преку Тирана.

Граѓаните исто така ја воочија вистината и со право се загрижени. Граѓаните се дрско излажани и изиграни, бидејќи под превезот „За живот“ СДСМ им донесе двојазичност, федерализација и растурање на државата.

Затоа граѓаните се на нозе!

Затоа Македонија се буди!“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Нов скандал во Владата – Јанушев поврзан со фирма во Бугарија?

СДСМ: Кочоска призна дека во буџетот нема пари, ќе има ли за плати и пензии?

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања

Куповната моќ на граѓаните е драстично зголемена, платите растат побрзо од цените, се пофали ВМРО-ДПМНЕ

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ветуваше подобар живот, а донесе поголема сиромаштија

Горан Наумовски

Опозицијата тврди: Буџетот е пред колапс, а животниот стандард во пад