ВМРО-ДПМНЕ: Нови, некорумпирани и кандидати со најголема поддршка кај граѓаните е нашата понуда

Од:

„Нови, некорумпирани и кандидати со најголема поддршка кај граѓаните е понудата на ВМРО-ДПМНЕ за наредните локални избори. Кандидати кои имаат визија, план и стратегија за подобрување на животниот стандард на граѓаните, како и за градење и развој на секоја општина“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Во понудата на кандидати на ВМРО-ДПМНЕ за локалните избори кои ќе се одржат на 17 октомври се докажани професионалци, стопанственици, доктори и опшественици кои се докажани и познати во средините од каде што доаѓаат.

Нова сила во политиката која ќе донесе промени во секоја една општина, нови работни места, нови улици и нова инфраструктура. Кандидати кои ќе допринесат за развојот и просперитетот во својата средина, кои што во нивните програми ќе има место за секој еден граѓанин да почуствува дека е опфатен во креирањето и градењето на неговата општина.

Кандидати кои се во секојдневна комуникација со народот, и кои одговорно и посветено ќе работат за граѓаните.

СДСМ нуди кандидати кои што имаат криминално досие или се во целосна одбрана на криминалот на власта. Истите стари потрошени и докажано неспособни кадри кои што немаат реализирано ниту 10% од своите програми од претходните локални избори.

Ова е разлика помеѓу кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. Нови наспроти стари и истрошени кадри, професионалци наспроти криминалци, способни и докажани наспроти неработници.

ВМРО-ДПМНЕ има вистинска понуда за нов почеток за сите луѓе во Македонија“, соопштува ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски

СДСМ држи пресови за тоа кој, каде е вработен во приватни фирми, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

ФЕНИ е во целосен застој, работниците се оставени на цедило-пропаднаа ветувањата на ВМРО-ДПМНЕ, тврдат од СДСМ