ВМРО-ДПМНЕ: Нови избори или СДСМ да се откаже од албанската платформа

Од:

ВМРО-ДПМНЕ во денешното соопштение посочува дека јасно ја соопштило својата позиција уште пред да влезе во преговори за формирање на идната владина коалиција, а и оти таа гласела „Влада да, но не по секоја цена“.

ВМРО-ДПМНЕ одби да разговара под уцена за прифаќање на платформата изготвена и потпишана во Тирана чија крајна цел е редефинирање на Република Македонија и нејзино трансформирање од мултиетничка во бинационална држава, истакнуваат од партијата.

Остануваат на ставот дека решение за ситуацијата се или нови избори или Заев и СДСМ да се откажат од албанската платформа, а ВМРО-ДПМНЕ со своите пратеници да го поддржат да формира влада.

Оттаму сметаат дека СДСМ е уценет само заради тоа што изгубил на изборите, не ја добил поддршката на граѓаните и не освоил мнозинство гласови за да формира влада и оти е доведен до ѕид поради, како што велат, патолошката желба на Зоран Заев да биде премиер по секоја цена.

– Затоа СДСМ прифаќа и гледа позитивно на платформата од Тирана. Затоа СДСМ се согласува на официјализирање на албанскиот јазик и воведување на двојазичност на цела територија. Затоа СДСМ се согласува на менување на банкнотите и униформите. Целата јавност деновиве беше сведок дека СДСМ ги прифатил и останатите сегменти од платформата кои подразбираат носење на резолуција за прогласување на геноцид врз албанците, се вели во денешното соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

Сите овие отстапки на СДСМ, сметаат од ВМРО-ДПМНЕ, се исклучително опасни по иднината на Република Македонија и оти цената на уцените, на крај нема да ја плати само Заев и СДСМ, туку Република Македонија.

– Излези од оваа состојба во која е доведена во прашање иднината на земјата има два. Првиот е одржување на брзи вонредни избори. Зоран Заев смета дека рејтингот на СДСМ пораснал со прифаќањето на платформата и заради тоа го повикуваме да поддржи нови избори и да излезе пред граѓаните за да ја побара нивната поддршка. Факт е дека граѓаните на минатите избори не гласаа за платформата од Тирана и природно и очекувано е тие да се изјаснат.

Вториот излез е јавно да се откаже од платформата која досега ја поздравуваше и на која што гледаше афирмативно. ВМРО-ДПМНЕ го повикува СДСМ да ја отфрли платформата и да го послуша мислењето на граѓаните. Доколку СДСМ отстапи од политиката која е спротивна на државните и национални интереси, ВМРО-ДПМНЕ со своите 51 пратеник ќе ги поддржи да формираат Влада.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните