ВМРО-ДПМНЕ: Новата Влада ќе донесе економски бум, помали даноци и нова инфраструктура во државата

Од:

„Доаѓа обнова на Република Македонија! Повеќе за сите, повеќе пари за граѓаните, нови инфраструктурни проекти, општествени промени и конечен крај на транзицијата.

По 12 април новата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе донесе економски бум, ќе има нови автопатски решенија од Велес преку Прилеп па се до Битола, ќе се изградат и неколку експресни патишта на потегот Куманово-Крива Паланка, Кочани-Радовиш, од Битола до границата со Грција, од Струмица до бугарската граница, како и од Кавадарци до Прилеп“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Нема да има неасфалтиран регионален пат, односно ВМРО-ДПМНЕ целосно ќе реконструира повеќе од 1.000 километри регионални државни патишта во Република Македонија. За еден мандат новата Влада ќе го замени дотраениот асфалт на сите регионални патишта во земјава, односно до Берово, Дојран, Делчево, Пехчево, Пробиштип, Ресен, Дебар, Кичево, Македонски Брод и сите останати градови во државата.

ВМРО-ДПМНЕ ќе инвестира 300 милиони евра во нови водоводни и канализациски мрежи. Македонските граѓани ќе добијат чиста вода за пиење и канализација кои ќе им овозможат пристоен живот.

Рамниот данок ќе биде трајна заложба на новата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Рамниот данок од 10 проценти во првите сто дена ќе се намали за 1 процент, а до крајот на мандатот на Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе се изнесува 8 проценти.

По 12 април Македонија ја очекува економска ренесанса, раст и развој кој ќе ги привлечат младите да останат, а гаранција за тоа се издржаните мерки и проекти и тимот кој ќе ги реализира“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче