ВМРО-ДПМНЕ: Новата „Пазар 3“ коалицијата нема да донесе ништо подобро за граѓаните

Од:

„Пазар 3“ коалицијата уште не започната да функционира, полна со скандали и криминали. Наместо проекти, инвестиции и капитални проекти, ќе има зголемен криминал и корупција, тендери во четири очи и неспособност. Од вмешани во убиства, преку местачи на тендери, до корумпирани предлози за министри и заменици министри во новата влада, која ако по утрото се познава денот, ќе биде покриминална и покорумпирана реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

– Ковачевски е должен да одговори дали новиот министер за правда, Кренар Лог е брат на Крешник Лога кој има кривична пријава за убиството на Дилавер Бојку за убиство и убиство во обид. Втор човек на министерството за правда е предлогот Викторија Аврамовска Мадиќ за која има поднесено кривична пријава за злоупотреба на службената положба и несовесно работење во службата. Мадиќ како генерален секретар на Град Скопје е вмешана и во скандал од 4 милиони евра со фирмата „Армор Плус“ во сопственост на зетот од сестра.Предлогот за министер за здравство Фатмир Меџити е поврзан со скандали со шверц на лекови, а како претседател на УО на ФЗОМ замешан во многу скандали. Јавноста треба да знае дали кумашинските врски со Арбен Таравари имаа предност за негов избор во ова министерство. Тирон Јајага кој е предлог за заменик министер за одбрана бил вратен во Македонија од мисијата во Брисел заради учество на протест за Илирида, додека истиот бил член на НАТО, а истиот за овој случај во 2017 бил помилуван и сега награден како предлог за заменик министер во одбрана. „Најуспешниот“ заменик министер Агим Нухиу откако целосно ги приватизираше и нанижа целосни неуспеси во МВР и министерството за правда, сега на ред дојде и заменик министерското столче во министерството за образование. Каде што патем ќе биде во целосно владение на ДУИ се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Мицкоски сака обвинител под негова контрола, затоа се крие зад Левица, велат од СДСМ

„Идеа Лаб“: Успешно го организиравме ЕМОФ за што добивме потврда лично од претседателот на Европскиот олимписки комитет

Горан Наумовски

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ ја избриша лажната фотографија – Лефков и Мицкоски јавно да се извинат за лагите

Човекот на фотографијата што ја објави Лефков, не е приведениот за подметнување пожар, реагира СДСМ

Катерина Ѓуровски

Возачот-потпалувач бил со Заев кога ги носеше „бомбите“ во СЈО, ВМРО-ДПМНЕ со фотографија тврди му бил близок

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ бара обвинителот Коцевски да си поднесе оставка

Катерина Ѓуровски