ВМРО-ДПМНЕ: Нов тим за промени кои мора да донесат иднина

Од:

„ВМРО-ДПМНЕ со нов тим за промени кои мора да донесат иднина. Вчера Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ по предлог на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, го избра новиот ИК на партијата. Во новиот ИК има луѓе од сите општествени сфери, кои се докажани во своите области на работа и делување“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Новиот состав на ИК на ВМРО-ДПМНЕ ќе генерира политики кои ќе значат што побрза промена на власта на СДСМ, преку предвремени избори, а потоа и решавање на проблемите на граѓаните.

Оваа влада на СДСМ ја задолжува државата, на секои 20 дена секое домаќинство се задолжува за нови 200 евра. Евроинтегративните процеси се закочени, економијата оди во надолна линија.

ВМРО-ДПМНЕ и новиот ИК ќе преземат иницијатива за оформување на широк народен фронт против власта која ја уназадува земјата на секој чекор.

Ќе се бориме за функционален систем и функционална демократија, а тоа веќе го правиме преку предлогот за намалување на бројот на пратеници од 120 на 90, што ќе заштеди пари на граѓаните, но и ќе обезбеди поголема функционалност.

ВМРО-ДПМНЕ се залага за промени кои ќе значат општ развој, а кои можат да се случат единствено со избори“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче