ВМРО-ДПМНЕ: Нов скандал на власта преку фиктивни фактури и фирми испумпани до 30 милиони евра како поврат на ДДВ од УЈП

Од:

„На повидок е нов скандал на владата на СДСМ и ДУИ тежок до 30 милиони евра. Владата ги злоупотребува институциите за профит на блиски луѓе до врвот на СДСМ и ДУИ. Постојат сериозни сомнежи дека преку фиктивни фактури се правеле цесии со Управата за јавни приходи каде што директорува Сања Лукаревска, заменик претседател на СДСМ , на фирми кои што се должници и фирми кои што се побарувачи на данок на додадена вредност, односно преку фиктивни фирми побарувачи и фиктивни фактури од УЈП се испумпани до 30 милиони евра државни пари“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„СДСМ и ДУИ безмилосно ги трошат парите на граѓаните. Ова е начинот на кој СДСМ и ДУИ функционираат изминатите пет години.

Наместо парите на граѓаните да се трошат на проекти за подобар и поквалитетен живот, завршуваат во џебовите на блиски поединци до власта. Со СДСМ и ДУИ на власт, Македонија тоне на секое поле. СДСМ и ДУИ ја донесоа државата пред целосен колапс.

Токму затоа ВМРО-ДПМНЕ пристапи кон активна блокада и барање за предвремени парламентарни избори за спас од национална катастрофа предизвикана од Владата на СДСМ и ДУИ“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ