ВМРО-ДПМНЕ: Нов ден и нови црни биланси – во Македонија единствено функционира богатењето на мафијата на власт

Од:

„Нов ден, нов црн биланс во справувањето со корона вирусот. За едно деноноќие се бележат 112 нови заразени и 8 починати. Очигледно дека министерот Филипче премногу време посветува на својот градежен бизнис наместо да се справува со епидемијата и последиците од неа. Светот ќе влезе во вториот бран, а ние уште не се знае дали завршивме и со првиот бран од епидемијата.

Македонија според Би Би Си е рекордер во регионот по смртност на 100 илјади жители

Филипче вели се е под контрола, дека живееме во нова нормалност, а секој ден бележиме огромен број заболени и починати. Македонија достигна 17.700 заразени и скоро 740 починати. Уште не почнат вториот бран , а македонското здравство е пред колапс“, вели ВМРО-ДПМНЕ.

„Но оваа мафија на власт не потфрли само во справувањето со здравствената криза, туку потфрла и во аспектот на економијата и образованието.

Економијата е клекната на колена. Македонија има еден од најголемите падови на економијата во споредба со останатите земји, односно БДП за едно тримесечие бележи пад од 12,7%. Долгот на државата за само три месеци е зголемен за нови 1 милијарда евра, а за истиот тримесечен период 40 илјади лица останале без работа, а дополнително уште толку не земаат редовна плата.

На ден пред почнувањето на новата училишна година платформата за онлајн настава на министерството за образование не функционира. Владее хаос. Иако го одложија почетокот на училишната година за еден месец дури сега им текна да тестираат платформи, да спроведуваат обуки и да креираат планови.

Состојбата во државата е резултат на неспособната власт. Ниту еден систем не функционира, освен системот на организиран криминал и корупција кој овозможува богатење на мафијата на власт и осиромашување на народот“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски