ВМРО-ДПМНЕ: Ниту еден од новоназначените директори не ја исполнува обврската за познавање на англиски јазик

Од:

„Незаконското именување на функционери од владата на СДСМ значи криминал.

Криминалниот почеток ќе доведе до уште поголем криминал. Секоја одлука кој ја потпишуваат незаконски именуваните директори е незаконска.

Тие ќе ги блокираат институцииите. И ќе има одговорност за тоа.

Дополнително, тие уште повеќе го продлабочуваат скандалот. Наместо да го повлечат предлогот на владата за директор на агенцијата за државни службеници, Спасе Глигоров кој е и член на Извршниот одбор на СДСМ, тие по принципот “пу пу неважи”, и на картата за кратко паметење, прават привид и викаат дека ќе се откаже од местото во Извршниот одбор на СДСМ. Тоа е уште поголем скандал. Ја лажат јавноста, фатени се во лага. Законската забрана за членување во органите на партиите се носи за да биде непартиска личност, а она што СДСМ го прави е именување на висок партиски функционер. Ова е почетокна партизација на администрацијата, и затоа толку грчевито се борат за тоа.

Дополнително ниту еден од новоназначените директори не ја исполнува обврската за познавање на англиски јазик. Тие предлагаат и именуваат непрофесионални и некомпетентнни личности.

Законите и процедурите не се испочитувани и преку назначувањето на директорите на Службен весник, Државниот завод за статистика, Агенцијата за млади и спорт, Државниот архив, управниот инспекторат кој е задолжен да ги штити процедурите кои СДСМ ги крши на големо.

Најавуваме дека доколку СДСМ не се повлече ќе следуваат кривични тужби. Законот мора да се почитува. Незаконие мора да престане и да му се стави крај“, изјави Дафина Стојаноска, пратеник во Собранието на Република Македонија.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања