ВМРО-ДПМНЕ: Нина Ангеловска изгубена во времето, се однесува како Алиса во земјата на чудата

Од:

„Нина Ангеловска изгубена во времето и просторот се однесува како Алиса во земјата на чудата и незнае дека нема бизнисмен и гранка која ги подржува мерките. Намерата на Нина Ангеловска и Зоран Заев да ја разгледуваат можноста за покачување на акцизата на горивата е доказ дека тие ја разбираат кризата како можност да се удри по граѓаните и да им се одземат пари за да се покрива расипништвото на СДСМ. Срамно е во кризни моменти да се ставаат раце во плитките џебови на осиромашените граѓани. Македонската економија е во колапс, а владата на СДСМ не презема ништо“, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ, на прес-конференцијата од министерката за финансии, Нина Ангеловска.

„Мерките кои што ги презентира Нина Ангеловска за стопанството се несериозни, задоцнети и не доволни и не значат никаква помош, напротив само продлабочување на тешката ситуација во која се наоѓа државата. Додека владата и Ангеловска тврдат дека ќе бидат поддржани дури 250.000 вработени или повеќе од 35.000 компании, во реалноста граѓаните се сведоци дека многу мал број на фирми аплицираат за мерките и веќе се започнати масовни отпуштања од страна на компаниите кои се соочуваат со проблеми на неликвидност. Неделувањето на власта веќе остави над 20% од вработените во државата без работа. Граѓаните со право се исплашени за себе и за животната егзистенција на своите семејства. Наместо Ангеловска да држи прес конференции и да ја манипулира јавноста, веднаш да ги прифати мерките кои што ги предложи ВМРО-ДПМНЕ за спас на стопанството. Македонија и граѓаните повеќе немаат време за чекање, потребни се итни и конкретни решенија за заживување на македонската економија“, се додава во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Двојни аршини на СДС и Филипче, велат дека треба да се казнат оние кои сакаат да возат без возачки, а од друга страна гласаат против имплементација на „Безбеден град”

ВМРО-ДПМНЕ вечерва избира нов Извршен комитет и нов генерален секретар на партијата

Катерина Ѓуровски