ВМРО-ДПМНЕ: Николовски да каже до каде е случајот за дивоградбата кај Мавровка

Од:

„Љупчо Николовски го штити криминалот, до каде е случајот за дивоградбата кај Мавровка?! Или е зафатен со правење бизнис?!

Љупчо Николовски го штити криминалот, тој треба да каже до каде е случајот со дивоградбата кај Мавровка?! Или е зафатен со правење бизнис и профити зголемени за 2100%?!

Никој не кажува ништо за случајот со дивоградбата кај Мавровка, одговорност нема, институциите молчат. А Љупчо Николовски како најповикан, е зафатен очигледно со зголемување на профитот на сопствената фирма“, велат ВМРО-ДПМНЕ.

„Додека корупцијата цвета, а Македонија се најде на 111 место на листата на корупција на Транспаренси Интернешенал, а Економист не стави во групата на земји, хибридни режими, Љупчо Николовски, кој држи вицепремиерско место за борба против корупцијата е зафатен со зголемување на профитите на својата фирма, кој успеал за една година да го зголеми за 2100%.

Нормално дека немаме поголем ефект на полето во борбата против корупцијата, зголемување на профит на фирма за 2100% е тешка работа, и вицепремиерот Николовски требал да се посвети целосно на тоа. Можеби по примерот на Коста Петров ќе напише и книга и ќе им објасни на македонските стопанственици и граѓани. како во услови на пандемија кога 6200 фирми ставија клуч на врата, а 55.000 граѓани останаа без своето работно место неговата фирма книжи профит зголемени за 2100%?!

Граѓаните имаат право да знаат!

Ја повикуваме уште еднаш ДКСК да не спие, и да отвори случај против Љупчо Николовски за можни злоупотреби на функцијата. Одговорност мора да има“, соопштува ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус