ВМРО-ДПМНЕ: Ние работиме, СДСМ се дави во сопствениот хаос и лаги

Од:

Пред фактите и доказите пропаднаа обидите на талогот на СДС за конструкции, ширеше лаги и паника поврзани со водата за пиење. И, наместо да преземат одговорност за кажаните измислици и за тоа јавно да им се извинат на македонските граѓани, од СДС продолжуваат со потполно истата матрица. Нов ден, нова политичка конструкција и нов обид за создавање хаос. СДС повторно се обидува да наметне политичка тема преку создавање непотребна паника и ширење тврдења кои не се потврдени со факт, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНE.

– Наместо да се соочи со сопствените пропусти и да понуди одговори за своето политичко дејствување, опозициската партија продолжува со познатата стратегија на политички напади и дневни конструкции. Кога фактите не им одговараат, СДС создава нова приказна. Кога ќе пропадне една конструкција, следи нова. Но, граѓаните веќе јасно ја препознаваат оваа политика на СДС која произведува приказни и создавање недоверба, и ВМРО-ДПМНЕ која работи и испорачува резултати во интерес на сите.

Од СДС може да покажат трошка доблест и да одговорат каде беше партијата кога на граѓаните во Гостивар им била потребна конкретна помош, зошто не обезбедиле ниту еден пакет вода и зошто не барала одговорност од градоначалникот Валбон Лимани, за кој бараа поддршка на минатите избори. Дополнително, до кога нивниот политички хаос и неуспех ќе го покриваат со нов спин, лага, дезинформација и нов обид за создавање паника и недоверба кај граѓаните.

Венко Филипче може да ужива на продолжениот одмор со Зоран Заев на милионската јахта во Паљури, но нема да може бесконечно да бега од хаосот и хистеријата кои ги прави партија чиј формален претседател e. Македонија нема потреба од опозиција која својата неспособност и немањето идеи сака да ги скрие со создавање на хаос, паника и страв, туку на граѓаните им требаат работа, стабилност и конкретни резултати за подобар живот. Наспроти хаосот на талогот на СДС, ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да одговара на обидите за политички манипулации со факти, конкретна работа и резултати и тоа граѓаните добро го гледаат, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Антифашизмот е нашиот темел, борбата за слободна и праведна Македонија е наша обврска

А1он

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

(ВИДЕО) СДСМ: Директорка на училиште и нејзин помошник се коцкале во казино за време на екскурзија во Монте Карло

(ВИДЕО) Цветаноска: Ребаланс затоа што нема пари за плати и пензии

А1он

Жерновски: Фон дер Лајен му ја зеде лагата на Мицкоски за идентитетот – сега намерно разгорува тензии пред средбата во Бугарија

(ВИДЕО) Филипче: Фон дер Лајен ги разобличи лагите на Мицкоски за македонскиот идентитет

А1он