ВМРО-ДПМНЕ: Незнаењето, самобендисаноста и ароганцијата на СДСМ уште еднаш во полн сјај!

Од:

„Двата обиди на кандидатот за градоначалник на СДСМ Хари Локвенец да промовира некакви проекти беа целосен дебакл за него. Два обиди и две лаги!
Првата лага беше дека ќе донесел гас во Прилеп, но откако стана свесен дека единствен начин да се донесе гас во Прилеп е приклучување на Македонија на проектот Јужен поток кој проект веќе е и реалност благодарение на Владата на Р. Македонија предводена од ВМРО – ДПМНЕ, Локвенец и неговиот тим смислија нова лага“, велат од владеачката партија и додадаваат:

Но,се прашуваме, дали ова е лага или незнаење? Во добро познатиот стил на СДСМ, фалење без никаква работа и резултати зад себе, мислејќи дека сеуште е времето кога СДСМ ја водеа државата и не чувствуваа никаква потреба да изработат некаков проект,туку се што правеа беше само пералница за пари, Хари ја промовираше и втората лага: 500 акумулации во Прилеп!

Г-дине Локвенец, со оваа Ваша изјава не навредивте добар дел на инженери од градот кои барем дел од работниот век сме посветиле на проблематиката – Водите во Македонија!

Затоа чисто едукативно и со цел да им се извините на прилепчани барем за оваа лага:
Под поимот микроакумулација се подразбира акумулација која акумулира вода максимум 200.000м3, и висина на брана до 15м, висина на брана над 18м се сметаат за мали акумулации. Овој тип на акумулации може со помош на изграден систем за наводнување да се користи за наводнување на земјоделско земјиште од 100 до 150ха. Додека од 3.000м3 до 20.000м3 и висина на брана од 3м до 6м се сметаа за поила на стока.

За изградба на една микроакумулација потребно е да се изготви главен проект. За изготвување на главен проект потребно е да се направат: геолошко – геомеханички истражни работи – на профилот на браната и на акумулациониот простор, изработка на детална геодетска ситуација со размер 1:1 000, после ова се изработува главен проект на кој потребно е да се изврши ревизија – одобрување на проектот.

За изградба на една микроакумулација со припремни работи под услов погодно време за овој вид на работа потребни се минимум 75 до 90 денови, активно работење, со соодветна механизација плус околу 3 месеци за вадењето на потребните дозволи (ама Вие не знаете дека треба дозвола за градење,оти се во минатото сте правеле на диво!).

Да го земеме во предвид Вашето кажување дека ќе изградите 500 акомулации, при тоа имајќи во предвид дека еден мандат трае 4 години.

365 дена*4 години мандат = 1460 денови. Поделено по 500 акумулации, почитувани сограѓани – Хари Локвенец ќе гради една акумулација за 2,9 денови, при тоа заборавајќи дека во годината имаме и есен и зима, кои не се соодветни за изградба на акумулации. Во годината се активни од 180 до 200 работни денови за таков вид на работа.

Публикацијата од која сте ги зеле овие податоци г-дине Локвенец,ние во општина Прилеп добро ја имаме проучено во изминативе години и таа зазема значајно место во библиотеката на Локалната самоуправа.,а нејзе ја знаат и добар дел од инженерите во Прилеп бидејќи е стара веќе 12-тина години. Јавно им се заблагодаруваме на авторите на оваа публикација,наши сограѓани што оставиле пишан документ на оваа тема,но важно е да се нагласи дека ни кога е издаден,ни до ден денес не се направени никакви истражувања на терен!

Многу погрешно од Ваша страна во јавност пренесено. Таму стои дека се работи за 500 акумулации во цела Пелагонија, цело Мариово,крушевско. (да се сними делот во публикацијата).

Или можеби во залетот на функцијата кандидат за градоначалник, се замислувате дека сте кандидат за градоначалник на цел Пелагониски регион, а не на Прилеп?!

Затоа Ви предлагаме,направете една акумулација во Вашиот двор за 2,9 денови (еве од нас имате 3 дена), да го видиме и тоа па Вашата лага да стане вистина и тогаш сигурен Ви е влезот во Гинисовата книга на рекорди!

Би можело да ве интересира

СДСМ: Граѓаните да излезат на 8 ми мај и да гласаат, се работи за иднината на државата

ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ се обидува да поткупува гласачи дури и во верски објекти

Левица: Подаваме рака до ДПМНЕ, за заедно да не ги донесеме уставните измени

СДСМ: Опасни се најавите на ДПМНЕ за блокада на европскиот пат на државата

ВМРО-ДПМНЕ: Народот сака промени, тоа го покажуваат 180 илјади гласа предност на Сиљановска пред Пендаровски

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Државата е во хаос заради ДУИ и нивните измеќари од СДС