ВМРО-ДПМНЕ: Незаконските разрешувања и назначувања станаа начин на работа на Владата

Од:

„Незаконските разрешувања и назначувања станаа начин на работа на Владата на СДС.

Денес ќе ви презентираме еден случај на незаконски разрешувања и назначувања во АД за давање услуги во воздухопловна навигација, со што СДС уште еднаш докажува дека за нив не постои ниту правото, ниту правниот систем, ниту пак ги почитуваат законите на Владата на РМ.

Па така, Владата на СДС најпрвин на 3ти август носат одлука за назначување на тројца членови на Надзорниот одбор директно потпишана од господинот Зоран Заев со која назначени се Ангел Папеш, Весна Павлов и Едмонд Калиќи.

На таа седница од страна на Надзорниот одбор именувани се новите извршни директори на воздухопловна навигација и техника Климент Чепуновски и Николче Тасески кој воедно треба да е и Претседател на Управниот одбор на институцијата.

Но, се би било во ред доколку при барање за упис на новите членови на надзорниот одбор во Централниот регистар на 24 август, барањето не би било одбиено од страна на Централниот регистар заради еден од членовите кој имал незавршени обврски кон Централниот регистар.

На ден 30 август повторно е поднесено барање за упис на членовите на Надзорниот одбор, со што повторно е одбиено од страна на Централниот регистар.

Со ова, се докажува дека новоизбраните двајца директори на СДС се незаконски избрани и нивните одлуки и акти во изминатите период се незаконски. Потенцирам, сите нивни одлуки и акти ќе бидат незаконски и ќе подлежат на кривична одговорност.

Сериозноста на работата на институцијата, не дозволува Владата на СДС да си поигрува со назначувањето на раководни лица во истата институција.

Ова е преседан и срам за Владата на СДС. Со ова се делегетимираат институциите, се става во опасност работењето на институцијата и најважно, некој за ова кривично ќе одговара, за грубо прекршување на законите.

Ова е следење на беззаконието и самоволието кое го демонстрира изминатиов период господинот Зоран Заев, а го најави уште одамна со менувањето во секој институција од чистачка до министер.

Од ваквите незаконски именувања последици ќе има институцијата, граѓаните, безбедноста на воздухопловниот систем.

Затоа, ги повикуваме овие незаконски назначени кадри кои заедно со сите инволвирани во случајот на незаконско именување кој ќе одговараат кривично, да си поднесат оставка во најбрз можен рок.

Ваквиот начин на работа на СДС граѓаните како што и секогаш повторуваме ќе го казнат на наредните избори“, изјави Никола Србов.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО