А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Политичкото насилство резултира со физичко насилство

by А1он29/04/2017 - 09:2629/04/2017 - 09:39104
Share0

„Реализирањето на Тиранската платформа не носи добро никому. Газењето на Уставот, законите и деловникот е директно газење на државата и поредокот. Ограничувањето на демократското право на дискусија на пратениците е најбрутално ограничување и газење на граѓаните кои ги гласале. Политичкото насилство кое го спроведе СДС може да резултира само со физичко насилство. Незаконскиот обид, криминогените структури од СДС да си го самопрогласат Талат Џафери за парапретседател на Собранието беше директна провокација кон Македонскиот народ.

Добивај вести на вибер

Ваквото сценарио на СДС да формира параинституции е на директна штета и на Република Македонија и на граѓаните на државата. Единствено им користи само на оние сили во земјава и надвор од неа кои не и мислат добро на Македонија и кои го негираат Македонскиот идентитет и суверенитет.

Ваквиот срамен однос на сервилната и уценета криминогена структура на СДС го поттикнува гневот и ги иритира граѓаните на оваа земја кои не се согласуваат со плановите за нејзино редефинирање и разнебитување.

Вчерашниот политички криминал од страна на СДС беше огромен чекор назад за демократијата во земјава.

Благодарение на интервенцијата на полицијата, не дојде до поголема ескалација и посериозни последици.

Криминалците од СДС мора да сфатат дека народот се противи на нивните планови за тргување со највисоките државни и национални интереси. Криминалците од СДС мора да сфатат дека народот си ја сака земјата и нема да дозволи нејзино разнебитување“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

dpmnesdsm

Би можело да ве интересира

СДСМ: Само техничка влада може да овозможи фер избори

Горан Наумовски10/01/2026 - 10:17

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди сè што говоревме, ВМРО е во паника по акциите на САД и Законот за Западен Балкан

Горан Наумовски08/01/2026 - 14:2208/01/2026 - 14:55

(ВИДЕО) Филипче категоричен: Мицкоски бара алиби за предвремени избори, СДСМ нема да биде покритие за ова сценарио

Горан Наумовски08/01/2026 - 13:4308/01/2026 - 15:10

СДСМ: За криминалната ВМРО членството во НАТО е „срам за граѓаните“

Горан Наумовски05/01/2026 - 15:28

СДСМ: ВМРО намерно ги стопира ЕУ интеграциите

Горан Наумовски05/01/2026 - 12:32

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Македонија си има свој Мадуро, во врвот на власта

Горан Наумовски05/01/2026 - 12:2005/01/2026 - 12:21
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен