ВМРО-ДПМНЕ: Неспособноста на Филипче резултира со метеж и хаос пред болниците за вакцинација, нема никакви протоколи

Од:

„Неспособноста на Филипче резултира со метеж и хаос пред болниците за вакцинација, нема никакви протоколи. Вчерашните гужви покажаа само едно – дека системот за пријавување потфрлил, и дека интересот кај граѓаните бил далеку поголем, но власта не успеала да ги опслужи граѓаните“, велат ВМРО-ДПМНЕ.

„Кога веќе се создава толку хаос, Филипче треба да изнајде начин и да направи повеќе вакцинални пунктови на кои граѓаните ќе може да се вакцинираат без пријавување.

Масовната имунизација е клучна за стекнување на што поголем колективен имунитет, затоа Филипче треба да ја направи вакцинацијата достапна до секого.

Дополнително, Филипче мора најитно да обезбеди дополнителен број на вакцини. Имунизацијата не смее да запре.

Филипче да каже и до каде се најавените 800.000 вакцини Фајзер и 200.000 вакцини Спутник В, дали се нарачани како што кажа или и тогаш лажел?

Пандемијата не е време за политиканство. Народот очекува посветеност, а не аматеризам како до сега. Време е за Македонија за сите луѓе!“, соопштува ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски

СДСМ држи пресови за тоа кој, каде е вработен во приватни фирми, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

ФЕНИ е во целосен застој, работниците се оставени на цедило-пропаднаа ветувањата на ВМРО-ДПМНЕ, тврдат од СДСМ