ВМРО-ДПМНЕ: Неспособната и алчна Влада на Зоран Заев ќе биде казнета на 15-ти октомври

Од:

„Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ со 8,5 милиони евра изгради 10 километри магистрален пат Радовиш-Струмица.

Владата на Заев за само 100 дена расипнички потроши над 350 милиони евра преку задолжување и повлекување на девизните резерви. Со овие пари можеше да изгради околу 41 вакви магистрални патишта.

СДС не само што не изгради ниту еден магистрален пат, туку и парите на граѓаните ги потроши на луксузирање на неговите партиски војници. Доколку ВМРО-ДПМНЕ беше на власт ќе продолжеше да ги спроведува и да ги реализира проектите од кои граѓаните ќе имаа голема придобивка. Ќе се продолжеше да се инвестира во подобрување на македонскиот здравствен систем, ќе се продолжеше да се инвестира и во образованието, во инфраструктурата, во носење на странски инвестиции се со цел отворање на поголем број работни места

Неспособната и алчна Влада на Зоран Заев ќе биде казнета и поразена на 15-ти октомври“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му