ВМРО-ДПМНЕ: Несериозно е Петров да се фали со патека од 100 метри

Од:

ВМРО-ДПМНЕ во писмена реакција на изјавата на кандидатот за градоначалник на општина Карпош Андреј Петров посочува дека изминатите години во општината биле реализирани повеќе проекти од Владата и Град Скопје, но оти за тоа немало поддршка од локалната самоуправа раководена од СДСМ.

– Многу е несериозно што се фалите со изградена ролерска патека од 100 метри на кејот на Вардар и ветувате рекреативни паркови за коњички спортови, а одбегнувате да се соочите со вистинските проблеми кои ги засегаат граѓаните на општина Карпош. Секојдневно се фалите со некаква прогама која очигледно не постои и со проекти за кои немате никаква гаранција дека ќе ги реализирате, ниту пак знаете колку ќе чинат и кој е рокот во кој би требало да се завршат, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Од оваа година, како што е наведено, Агенцијата за млади и спорт со Спортско рекреативниот центар „Борис Трајковски“ и Бирото за развој на образованието, воведоа пливање во базенот во Карпош за сите ученици од Скопје.

ВМРО-ДПМНЕ потсетува на реализираните проекти меѓу кои се проширувањето и реконструкцијата на булеварите „Илинден“, „Митрополит Теодосиј Гологанов“, „Партизански одреди“ изградба на булеварот МАНАПО, реконструкција на базенот Младост и целосна реконструкција на опожарената зграда на основното училиште „Јан Амос Коменски“.

– Со поддршка на Владата е започнат проектот Аква Парк, а веќе е завршен и е пуштен во употреба трговскиот центар Скопје Сити Мол, кој и даде посебен и модерен лик на општината како и изградба спортско рекративниот центар „Борис Трајковски“, стои во партиското соопштение.

Би можело да ве интересира

Брвеница в недела избира градоначалник, денеска гласаат болните и изнемоштените

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Филипче и Заев се пазареле со бугарските власти за случајот со Ива Михаилова за да му се оддолжат на Радев?

Горан Наумовски

Петрушевски: Филипче врши селективна борба против корупцијата

А1он

Шпанскиот премиер распиша предвремени парламентарни избори

А1он

Објавени првите резултати од изборите во БиХ и Република Српска: Кој води?

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче има дилеми за атентатот на Глигоров нека си го праша Фрчкоски кој вдомен во штабот на СДС снима поткасти, а тогаш беше министер