ВМРО-ДПМНЕ: Неприфатливо е виткањето на кичма со државните и национални интереси

Од:

„Зошто би се отворал дијалог за химната? Зошто би се отворал дијалог за знамето? Зошто би се отворал дијалог за грбот? Зошто воопшто би се разговарало за било што од чувствутелните точки во кои задираат во идентитетските прашања, доколку СДСМ и Заев немаат ветено дека истите ќе ги менуваат под уцена?

Затоа Заев се крие и остава ДУИ да ги информира граѓаните дека СДСМ го продал идентитетот само за да се дограби до власт. Затоа ДУИ ја информира јавноста дека и банкнотите ќе бидат двојазични, а ќе се менуваат и униформите на војската и полицијата. Затоа ДУИ ја информира јавност дека Македонија ќе се осуди сама себе за геноцид врз Албанците.

Сето ова ќе биде сторено само Зоран Заев да дојде на власт. Тој и криминогеното раководство на СДСМ се уценети. Нивната ниска точка на топење е проблем за целата држава. Трагедијата е во тоа што не само сегашната туку и сите идни генерации ќе плаќаат за криминалот на Зоран Заев и криминогеното раководство на СДСМ.

Зоран Заев и криминогеното раководство на СДСМ треба да се свестат и да увидат каква штета предизвикуваат врз државните и националните интереси. Грбот не смее да го сведат на едно евро за Вицето. Знамето не смее да го сведат на криминалот со Цареви кули. Химната не смее да ја сведат на Струмица гас. Идентитетот не тежи исто колку бомбона бизнисот или становите на Радмила Шекеринска.

Неприфатливо е виткањето на кичма со државните и национални интереси.

Соберете храброст и соочете се со македонскиот народ. Извадете ја платформата и срамниот договор на виделина. Нека гласа народот. Наше е да го послушаме.

Доаѓаат локални избори. Разбирлив е стравот што го има СДСМ. Знаат дека платформата од Тирана е катастрофална за Македонија. Затоа кријат што договориле. Сепак судот на народот е последен. Платформата беше наметната по изборите и граѓаните имаат право да се изјаснат.

Доколку СДСМ нема храброст да се соочи со граѓаните, го повикуваме јавно да се откаже од платформата и од реализација на нејзините елементи по што ќе ја добие поддршката од ВМРО-ДПМНЕ, иако лагите на Зоран Заев беа поразени на изборите“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус