ВМРО-ДПМНЕ: Неодговорната Царовска крати 5 600 000 денари наменети за изградба на градинки

Од:

„Неспособноста на владата на СДС безмилосно удира по интересите на семејствата.

Со ребалансот на буџетот неодговорната министерка Мила Царовска крати 5 600 000 денари кои беа наменети за изградба и опремување на детски градинки.

Ова ја покажува целата негрижа на владата на СДС кон граѓаните и нивните потреби. СДС ги лажеше граѓаните пред избори ветувајќи зголемување на опфатот на деца во градинки за 50%, а сега кога се сместија во фотелјите, ги поздравија граѓаните со кратење на 5 600 000 денари кои беа наменети за нови градинки, и тоа во делот на нивното опремување, бидејќи изградбата во најголем дел ја покриваат општините.

Врвно лицемерие.

Факт е дека со намалени средства некоја од предвидените градинки за отворање во 2017 година нема да се отвори затоа што нема пари за опрема. Овие 5 600 000 денари кои СДС ги крати, беа доволни за опремување и отворање на 5 до 6 нови помали градинки кои беа предвидени во програмата за 2017 година и е многу веројатно дека заради неспособноста на Царовска оваа 2017 година нема да се отвораат градинки во некоја од следните општини Прилеп, Ново Село, Кавадарци, Свети Николе, Бутел, Ѓорче Петров и други општини во Скопје. Едноставно, помалку пари, помалку градинки.

На овој начин Царовска внесува хаос и неизвесност кај семејствата кои нема да знаат дали во нивната општина ќе има нова градинка, бидејќи заради намалените средства логично е да се очекува дека најмалку 5 градинки нема да бидат отворени.

Ја слушаме вчера како несмасно и непринципиелно се пофали дека ќе отворела нови 13 градинки. Прво, сите овие градинки беа предвидени да се градат од страна на владата на ВМРО-ДПМНЕ и некои од нив се во подлабока фаза на реализација, што значи дека Царовска се кити со туѓи резултати, и тоа немаше да биде толку трагично ако Царовска од опозиција не ги критикуваше и исмеваше овие наши чекори за изградба на градинки. Второ, фалејќи се, лицемерната Царовска не кажува дека заради тоа што скрати 5 600 000 денари нема да се отворат најмалку 5 до 6 нови градинки, бидејќи таа лично ги укинува парите за нивно опремување и адаптација. И трето, имајќи ја во предвид неспособноста на Царовска ние веруваме дека таа нема да ги исполни нејзините зборови, затоа што сите знаеме дека едно говорат, а сосема друго прават. Едноставно, тие немаат навика да работат.

Неодговорноста, лицемерието и неработата на владата на СДС предизвикуваат хаос и неизвесност кај граѓаните, и го уназадуваат општеството. Набрзо, неспособниот СДС ќе се соочи со политичката одговорност за нивната неработа и негрижа“, изјави Ирена Попова.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски

СДСМ држи пресови за тоа кој, каде е вработен во приватни фирми, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

ФЕНИ е во целосен застој, работниците се оставени на цедило-пропаднаа ветувањата на ВМРО-ДПМНЕ, тврдат од СДСМ